| четврток, 6 декември 2018 |

Владата даде уште 9 месеци за откуп на дворови за евро од квадрат

zoran-stavrevski

Ќе се продолжи рокот за поднесување барање за откуп на дворовите по евро за квадрат, одлучи владата. На отворената седница денеска го прифати предлогот на Министерството за финансии и Управата за имотно-правни работи кои барањето го правдаа со големиот интерес.

Како што информираше министерот за финансии Зоран Ставрески, граѓаните ќе добијат уште девет месеци за поднесување документи, почнувајќи од јануари , па крајот на септември 2014 година. После овој рок, нема повеќе продолжувања, нагласува Ставрески.

„Ова навистина е последна шанса, бидејќи никој веќе после тоа нема да има објективни аргументи за да бара понатамошно пролонгирање на рокот. Тие што нема да го приватизираат земјиштето после истекот на овој рок ќе треба да склучат договор за закуп, ќе се утврди надомест за закуп од кои 20 отсто од средствата ќе бидат за буџетот, а 80 проценти ќе одат во општината“,дополни Ставрески.

Целта на одложувањето, според надлежните, е да им се даде можност на граѓаните кои од разни причини не успеале да поднесат барање за откуп на дворното место. ПОследниот рок за приватизација на дворовите беше до декември 2012.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top