| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка со последен обид за формирање влада оваа година

sobotka

Мандатарот за состав на нова влада на Чешка и лидер на Чешката социјалдемократска партија (ЧССД), Бохуслав Соботка синоќа соопшти дека упатил „последен предлог“ за фомирање владин кабинет пред крајот на оваа година.Социјалдемократите, кои победија на изборите во октомври, за формирање на новата влада преговарат со центристичкото движење Акција на незадоволните граѓани (АНО) и со Христијанската и демократска унија – Чехословачка народна партија (КДУ-ЧСЛ).

Последно прашање кое треба да се реши во врскла со формирањето на коалицијата е распределбата на минстерските ресори.

Соботка инфромира дека ЧССД на демохристијаните им ги понудила министерствата за земјоделство и за култура, како и едно министерско место во владата без ресор.

По ваквиот предлог на Соботка, КДУ-ЧСЛ би требало да се произнесе во текот на денов. Лидерот на КДУ-ЧСЛ, Павел Белобрадек изјави дека е задоволен од ваквата понуда и дека на денешната седница на партискиот Национален комитет ќе предложи прифаќање на предлогот на социјалдемократите.

ЧССД, АНО и КДУ-ЧСЛ заедно имаат 114 места во 200-члениот Долен дом на чешкиот Парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top