| четврток, 6 декември 2018 |

Северен ветар ќе ни донесе конечно мало разведрување

magla-512x272

Утрото ќе започне со магла, но во претпладневните часови  се очекува да задува слаб северен ветер кој треба малку да  помогне околу ситуацијата со маглата и да донесе привремено разведрување – вели прогнозата на Метеопро.

Минималната температура ќе се спушти до околу -7°С во поголем дел од котлините низ земјата. Дневниот максимум во поголем дел од земјата ќе има вредност околу 7°С, а на југот на Повардарие помеѓу 11°С и 13°С.

Во Скопје ќе има магла и ниска облачност наутро, но надеж носи северниот ветер кој треба на одреден период малку да го расчисти сивилото и го да видиме синилото на небото. Минималната температура ќе се спушти до -7°С, додека максималната ќе достигне до 3°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top