| четврток, 6 декември 2018 |

Самба во Белград, Бразилките супериорни против Данска (27-21)

Самба во Белград во ракометен ритам и изведба на одличните Бразилки кои ја декласираа Данска со 27-21 и се пласираа во финалето на Светското првенство. Таму ги чека домашната селекција, Србија по победата во првото полуфинале против Полска со 24-18.

Бразилките од самиот старт на мечот најавија дека ќе атакуваат на финалето, а ги предводеше извонредната Алехандра Насименто со 7 погодоци. Пет гола даде Ана Родригез за сигурен триумф против трофејната селекција на Данска. Кај поразениот состав квартетот Фискер, Хансен, Гравхолт и Кристијансен беа најефиксни со по 3 погодоци.

Финалето ќе се игра в недела од 17,15 во „Комбанк арена“ во Белград, а ќе биде реприза од мечот по групи, кога Бразилките и го нанесоа единствениот пораз на Србија со 25-23. Мечот за бронза ќе се игра истиот ден од 14,30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top