| четврток, 6 декември 2018 |

Енвер Хоџа: ЕУ ја награди Србија, но не и Косово

4514348-downtown_PristinaКосовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај денеска изрази незадоволство поради тоа што ЕУ ја награди Србија, но не и Косово.

– Иако ги поздравуваме заклучоците на Советот на ЕУ, Косово не е наградено за конструктивното ангажирање во дијалогот и реформите, објави Хоџај на „Твитер“, реагирајќи на одлуката на Европскиот совет и формално да го потврди отворањето на пристапните преговори со Србија на 21 декември.

Изгледите за визна либерализација и еднаков третман за Косово како и за остатокот од Западен Балкан повторно беа поткопани годинава, оцени Хоџај.

Според него, Приштина има разбирање за „дарот на ЕУ на Србија“, но нормализирањето на односите се уште не е завршено, а некои точки од бриселскиот договор не се спроведени во пракса.

Косово по постигнувањето на договорот меѓу Белград и Приштина на 19 април во Брисел, доби зелено светло за почеток на преговорите за Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и тие преговори почнаа во октомври годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top