| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Наумче е победник и ќе го победи и ова

Kапитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во телефонски разговор за „Утрински весник“ зборуваше за тешката повреда на Наумче Мојсоски и рече дека веднаш му понудил да се оперира во Барселона.

– Го гледав натпреварот и цела ноќ не можев да заспијам. На најголемиот непријател не би му го посакал тоа што му се случи на Наумче – рече Кире.

– Колку е важен тој за Македонија, за македонскиот спорт и за националната селекција излишно е да се трошат зборови. Со него сме играле заедно во црвено-жолтиот дрес 15-16 години во кадетската, во јуниорската и во сениорската репрезентација и не можам да опишам колку ми е жал. Му посакувам побрзо заздравување. Нема да му биде лесно бидејќи ова му е прва тешка повреда во кариерата. Но, тој е цврст карактер, победник и ќе го победи и ова. Со нетрпение ќе го очекуваме во националниот тим и ќе играме за него на Европското првенство во Данска – додаде Кирил Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top