| четврток, 6 декември 2018 |

Со лажно претставување си земал градежни материјали за дома

Gradeznici

Четириесетгодишен прилепчанец изработил лажно полномошно и лажно претставувајќи се набавувал градежни материјали.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава за М.Д.(40) од Прилеп, за сторено кривично дело „измама“. На 16.10. и на 06.11.2013 година, во Прилеп, во продавница лоцирана на ул. „Моша Пијаде“ пријавениот со лажно претставување и со презентирање на полномошно од Земјоделски комбинат ДООЕЛ – Скопје на негово име, кое не било важечко, во два наврати подигнал градежни материјали во вредност од околу 85.138 денари, за што биле сочинети испратници. Имено, дел од материјалите пријавениот му ги продал на лице од Прилеп, а останатите ги присвоил за себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top