| четврток, 6 декември 2018 |

Николче Новески, најдоброто од македонскиот фудбал за 2013 година

Играчот на бундеслигашот Мајнц, Николче Новески, ќе биде избран за најдобар македонски фудбалер во 2013 година. Стоперот на Мајнц ќе ја добие наградата на свеченоста што Фудбалската федерација на Македонија ќе ја организира на 25 декември.

Во домашна конкуренција, број 1 е напаѓачот на Турново, Дејан Блажевски, а признанија ќе добијат и Благоја Милевски од Вардар за најдобар тренер, како и Јован Костовски кој како член на Вардар беше прв стрелец во Првата лига.

Меѓу наградените ќе биде и Александар Васовски, како најдобар тренер во младинските категории, претседателот на Работнички, Драган Поповски, е фудбалски работник на годината, а награда за животно дело ќе добие легендарниот чичко Дончо, Андон Дончевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top