| четврток, 6 декември 2018 |

Капутот на Северина таписеријата на баба (ФОТО)

Хрватската пејачка секој ден има некоја нова интересна креација. Ако во последниот период Северина провоцираше со разголени и провидни фустани, овојпат се одлучи за нешто поприбрано, но доволно провокативно.

– Генијална креација од тепих (таписерија) од колекцијата „Твинс“ на Беговиќ и Штимац – се пофали убавата Хрватка на „Фејсбук“ не заборавајќи да го стави и нејзиното омилено парче накит, златната круна од „Долче и Габана“, вредна 10.000 евра.

Интересните коментари не изостанаа, па неколку обожаватели се пофалија дека и нивните баба и дедо имале вакво ќебе обесено на ѕидовите.

Северина со својот тепих, круната и црвените високи потпетици беше гостинка на концертот на Горан Бреговиќ во Сараево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top