Најмалку 30 лица се повредени, а други се заробени во објектот, откако вечерва балкон се урна во Аполо театарот во центарот на Лондон. Очевидец за британските медиуми вели дека слушна силен звук на рушење непосредно пред несреќата 20:15 часот.

Балконот се срушил за време на претставата „Чудниот инцидент на кучето во ноќта“ и дел од луѓето што биле во публиката сѐ уште се заробени во објектот.

Екипи на полицијата, Брзата помош и пожарникарната служба веќе се на теренот и повеќето од заробените лица се извадени од местото на несреќата.
Театарот има околу 775 седишта, балконот на трето ниво „се смета за најстрмните во Лондон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија


