Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска ја посети Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје каде оствари средба со грчкиот амбасадор во земјава Харис Лалакос. Тие размениле мислења околу самитот на Европската унија во Брисел, политичките случувања меѓу двете земји како и евро-атлантската иднина на Македонија и регионот.
Ахмети истакнал дека членството на Македонија во НАТО и ЕУ останува приоритет на Демократската Унија за интеграција и поради таа причина ќе продолжат напорите за да се постигне оваа цел.
Лидерот на ДУИ истакнал дека се надева оти Скопје и Атина ќе седнат на иста маса што е можно поскоро, и ќе постигнат компромис во врска со прашањето за името.
Решавањето на спорот за името и добрососедските односи се предуслов за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, а истовремено, овој процес е единствената опција за нашата земја и сите треба да се потрудат за да се постигне оваа цел, се вели во соопштението од ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


