Бананите пристигнале од пристаниште во Антерпен, а компанијата за транспорт од северниот дел на Белгија ги испорачала во различни продавници.
-Ова е трет пат како е откриена дрога скриена во кутии со банани. Кога кутиите со банани пристигнале во централата, тие директно биле дистрибуирани во малопродажба. Тоа објаснува како дрогата била откриена во шест продавници- рекол еден од вработените во супермаркетот.
Полицијата се обидела да провери дали некој од транспортната компанија е поврзан со овој случај.
Во октомври минатата година, белгиската полиција во пристаништето во Антверпен открила контејнери со повеќе од осум тони кокаин, со вредност од 500 милиони евра.
Кокаинот бил скриен во контејнер со бабани од Еквадор. Тоа било по обем најголема заплена во Белгија, а втора по количина во Европа.
Претходниот рекорд изнесувал три тони дрога колку што било запленето во пристаништето во Антверпен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.