Дали ви е смачено од постојаното врескање за македонската историја?
Од бескрајните расправии на интернет за тоа чиј бил Александар Македонски, дали цар Самуил бил бугарски или македонски цар или само Ерменец што се дограбил до голема моќ, што мајка бара цар Душан во центарот на Скопје?
Ние имаме свој живот што го живееме и секојдневни проблеми за решавање и сакаме иднина и перспектива за нас и за нашите деца, а не да го арчиме времето на одамна мртвите. Оваа реакција сме ја слушнале од многумина и е сосема јасна и разбирлива.
Но, историјата е учителка. Без разлика дали сакаме да биде така или не, настаните од минатото ја определуваат денешнината, а денес тоа особено важи за Македонија, како што ќе видиме во ова досие. Сепак, респектирајќи го размислувањето на многумина граѓани, од кои повеќето не се историчари, ќе ја разгледаме оваа проблематика, но без „копање“ по археолошки локалитети и цитирање стари книги, а уште помалку со толкувања на старите хроничари, иако делумно, сепак, ќе ги споменеме.
Постои друг начин да се види минатото. Користиме обратна техника, која е многу пократка и поедноставна. Тоа е со гледање на минатото преку тоа што се случува денес.
Двајца австриски научници неодамна во Тирана ја завршија својата студија за потеклото на Албанците. Тие не се ниту први ниту последни образовани глави што јасно докажаа дека нема ама баш никаква врска меѓу старите Илири и денешните Албанци. Дописникот на БИРН од Тирана отиде уште подалеку и ја раскажа приказната на денешните Албанци, кои морале да постапат по наредбата на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа од 50-тите години на минатиот век, во која стои дека своите деца треба да ги именуваат со илирски имиња како Бардуљ или Теута. Живи докази за историски инженеринг.
Повеќето од нас не ни чуле за ова. А камоли некој сериозно да се потресе. На „Википедија“, како и во историските учебници, и натаму си стои дека Албанците се директни потомци на Илирите.
Никаков потрес ниту во европски, ниту во светски рамки, ниту една солза не беше излеана ниту пред две години на конференцијата за потеклото и за писменоста на Словените во Минск, Белорусија, кога организаторот ја одби презентацијата на бугарската делегација, која сакаше да докаже дека силниците на ханот Аспарух, всушност, ја создале словенската писменост.
Целиот текст за крпената историја на нашите соседи и зошто македонските напори за ревизија на нашата историја предизвикуваат толку драматични реакции во соседството, прочитајте во последниот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од утре, петок 20 декември 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.