| четврток, 6 декември 2018 |

Се расчистува пат за Самсоненко во Вардар, „Гаспром“ ќе биде генерален спонзор, понудата е 2,5 милиона евра по сезона

Се расчистува пат за Сергеј Самсоненко во фудбалскиот клуб Вардар, како мнозински сопственик на 51 процент од акциите, а нафтениот гигант „Гаспром“ би бил генерален спонзор на шампионот со влог од 2,5 милиона евра по сезона. Вакви најави доаѓаат по вчерашната одлука на Советот на Град Скопје да го продаде управувачкиот пакет од 51 процент на акции.

Најавено е дека ќе има натпревар, односно лицитација за управувачкиот пакет-акции, а Самсоненко, кој веќе е спонзор на женскиот и машкиот ракометен клуб Вардар, е главен фаворит.

Сепак, за да се запази законската процедура, сите заинтересирани ќе имаат можност да учествуваат во наддавањето за пакетот од 51 процент, и тоа по електронски пат. Претседателот на Вардар, Зоран Шишковски, вчера, во изјава за „Република“ нагласи дека најдобрата понуда ќе биде прифатена. Пакетот-акции од 51 процент што ги поседува Град Скопје ќе бидат продадени во блок-трансакција, односно комплетно.

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката, или поранешен ПУИГ, засега нема донесено одлука што ќе прави со останатиот дел од акциите, кои се 49 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top