
Американскиот магазин „Форбс“ ја рангира Македонија на 36. позиција на листата со најдобри земји во светот за бизнис, на која годинава се најдоа 145 држави.
Нашата земја годинава се искачи едно место погоре во споредба со лани кога беше на 37. позиција.
Најдобра земја за бизнис годинава е Ирска, која првпат ја зазеде првата позиција. Веднаш зад неа е Нов Зеланд, кој лани беше прв, по што следуваат Хонг Kонг, Данска, Шведска, Финска, Сингапур, Kанада, Норвешка и Холандија. На последните три места се Мјанмар, Чад и Гвинеја.
Од земјите во регионот, подобро рангирана од Македонија е само Словенија на 17. место. Зад нашата земја се Бугарија на 42. место, Црна Гора на 44., Хрватска на 45., како и Грција на 46. Во втората половина на листата се Албанија на 81. позиција, Босна и Херцеговина на 82. и Србија на 86.
Интересно е што најмоќните светски економии не котираат премногу високо на листата. „Форбс“ ги стави САД на 14. позиција, Германија на 24., Јапонија на 28., а Kина дури на 94. место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


