| четврток, 6 декември 2018 |

Падна ли снег ноќеска во Скопје?! (Фото)

Фотографијата е направена синоќа во Карпош

Фотографијата е направена синоќа во Карпош

Падна ли снег синоќа во Скопје? Улиците и автомобилите беа целосно обелени од тенка покривка која личеше на снег. Се работи за врнежи со интересна комбинација од маглата и честичките кои ни го загадуваат воздухот – објави „Метеопро“.

sneg karpos

Карпош утрово во 7 часот

Честичките потоа имаат улога на т.н. јадра на кондензација. На овие јадра се нафаќаат и мрзнат ситните капки вода од кои е составена маглата. Кога доволно капки ќе се „налепат“ околу честичката, тие формираат снегулки кои потоа паѓаат на тло. Нема ништо чисто во овој снег.

Повеќе фотографии од синоќешниот „снег“ на Метеопро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top