| четврток, 6 декември 2018 |

Митковска ја претстави првата колекција со сериско производство

митковска

Новите модели на палта, капути и на други модни парчиња од колекцијата есен-зима 2014 година вчера ги презентираше познатата македонска модна креатарока Александра Митковска.

митковска1

Новата колекција „Премиера“ се карактаризира со строги линии, асиметричен крој и навидум неспоиви бои и материјали.
Домашните љубители на креациите на Митковска од вчера имаат можност сите модели од оваа колекција да ги купат во бутикот. Комерцијалниот дел на „Премиера“  е произведен во 3.000 парчиња, доминираат црната, сивата и белата боја, како и карираниот отпечаток и е наменет како за домашниот така и за странските пазари.

митковска2

Наскоро моделите ќе бидат во продажба и во Белград, Софија, Загреб, Сараево,Тирана и во Милано.
Најавниот дел од колекцијата „Премиера“ беше прикажан на есенското осмо издание на „Моден викенд Скопје“ , на црвен килим пред Музејот на Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top