
И оваa година Владата не дозволува прослави за Нова година на трошок на буџетот и граѓаните. Одлуката за скратување на луксузирањето Владата ја има донесено на седница и таа веќе е испратена до буџетските корисници.
– Во пресрет на претстојните новогодишни празници Владата на Република Македонија реши и оваа година да продолжи да важи мерката со која се предвидува органите на државната управа, јавните претпријатија, фондовите, агенциите и акционерските друштва во државна сопственост да не одржуваат прослави на државен трошок, да не доделуваат новогодишни пакетчиња со буџетски средства и да не исплаќаат регрес за годишен одмор, и ги задолжи овие субјекти да ја почитуваат оваа мерка – изјави за „Курир“, владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев
Ѓорѓиев додава дека Владата на Република Македонија препорачува оваа мерка да ја применуваат и регулаторните тела, единиците на локалната самоуправа, градинките, основните и средните училишта.
Од појавата на светската економска криза и европската должничка криза вакви ограничувачки одлуки имаат донесено и поголем број други влади во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


