| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ втор на АТП, прв според ИТФ

Иако се наоѓа на второто место на АТП листата, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар тенисер во 2013 година од страна на Меѓународната тениска федерација (ITF).

И покрај полошиот пласман на АТП, одличната серија од 24 победи во низа и седумте титули на тениските турнири му го донесоа епитетот најдобар во 2013 според ИТФ.

Во женска конкуренција најдобра за годината што изминува е Серена Вилијамс, а во двојки најдобри се браќата Брајан во машка конкуренција и италијанките Ерани и Винчи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top