Македонскиот шампион МЗТ Скопје повторно на колена на домашен терен.
Поразен е против Уникс Казан во десеттото коло од Еврокупот, со високи 62-88.
Екипата на новиот тренер Мартич беше немоќна да се спротивстави на силниот противник Уникс од Казан кој важи за фаворит за висок пласман во кошаркарскиот Еврокуп.
МЗТ беше рамноправен само во првата четвртина по што дојде до пад во играта по што на полувреме се замина со предност од 18 поени за гостите.
До крајот гостите само рутински го зголемија водството при што поради разликата во квалитет немаше голема тензија на паркетот.
Дамјан Стојановски и Маринковиќ постигнаа по 12 поени, Гечевски 10 , Костоски седум поени. Најефикасен кај гостите беше Американецот Гудлок со 19 поени.
Во екипата на МЗТ денеска не настапи Никола Оташевиќ за кого и предходно се шпекулираше дека наскоро заминува. Изоставањето од тимот се поврзува со негова замена со Американецот Карл Џонс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


