Арсенал, кој веќе неколку недели е лидер на табелата во англиската Премиер-лига, нема намера да ја предаде таа позиција на некого до крајот на сезонава.
Меѓутоа, одличниот среден ред не е доволен за освојување на титулата во таква силна лига, па затоа францускиот менаџер Арсен Венгер во јануари ќе го засили неговиот напад. По неуспешниот обид да го доведе Луис Суарез, сега изборот падна на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста.
Бразилскиот фудбалер игра неворојатно добро оваа сезона, тој на 21 натпревар постигна 22 гола, со тоа тој го дели првото место со Роналдо кога станува збор за постигнати голови, додека останатите стрелци заостануваат со по седум или повеќе гола.
Она што дополнително го охрабрува Венгер е откупната клаузула, која изнесува 38 милиона евра, која е реална за напаѓач од таков квалитет, па затоа Французинот веќе испратил два скаута да го следат на наредните два натпревара на Атлетико Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


