Андреа Лекиќ е оптимист пред вечерашното четвртфинално дерби на СП во ракомет меѓу Србија и Норвешка и вели дека е време норвежанките да се простат од европската титула.
„Ги ценам, бидејќи се многу силна репрезентација, но време е да се простат од светската круна. Доста освојуваа медали на големите натпреварувања, ред е и ние да се закитиме со медал. Со подршка од публиката имаме сили за пласман во полуфиналето“, вели ракометарката на Вардар и капитен на српската репрезентација.
Србија е домаќин на СП, а налета на веројатно најтешкиот можен противник, Норвешка во четвртфиналето на шампионатот. Тој дуел ќе се игра вечерва од 20,15 часот, а четвртфиналната програма ја отвораат Бразил и Унгарија од 17,30 часот во Белград и во истиот термин, но во Нови Сад Франција и Полска. Во истиот град од 20,15 часот силите ќе ги одмерат Германија и Данска. Титулата ја брани Норвешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


