Претседателот на РК Вардар, Сергеј Самсоненко, не остана рамнодушен по вчерашните случувања на ракометниот натпревар од СЕХА-лигата меѓу Вардар и Металург и за Македонски спорт ја даде следнава изјава:
– Мене лично ми е срам за тоа што се случуваше. Обезбедувањето преземаше сѐ што требаше да преземе, меѓутоа публиката не можеше да ги контролира емоциите. Далеку од тоа дека е оправдано, но сите реакции дојдоа по судиските одлуки против Вардар. Да беше еднаш или двапати, да речеме дека е случајно, но веќе почнувам да мислам дека некој сака да ми каже нешто и затоа веќе нема да молчам. Најтешко ми е тоа што кога влегов во соблекувалната по натпреварот, играчите ме гледаа мене и бараа одговори. Не можам ништо да им забележам на ракометарите, беа борбени, дадоа сè што можеа. Жал ми е за ракометот во Македонија затоа што ова што се случува е против македонскиот ракомет. Се повреди Мојсовски и мене многу ми е жал за тоа. Не е важно од која екипа е, дали од нашата или од другата, тој е ракометар, а повредата е иста за секого – изјави Самсоненко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Град Скопје го презема Вардар, Самсоненко дефинитивно заминува од Вардар
-
Канелјас за шпанска „Марка“: Вардар ни должи пари
-
ЕХФ го објави новото рангирање: Вардар веќе не е прв фаворит во ЛШ
-
Комитите ќе ја платат најголемата цена: Натпревар на „Филип Втори“ ќе го чини Вардар до 40 000 евра, ќе се покачат цените на влезниците?



