| четврток, 6 декември 2018 |

За Меркел НСА е како источногерманската Штази

Британскиот весник „Гардијан“ објавува дека во една од расправиите меѓу американскиот претседател Барак Обама и германскиот канцелар Ангела Меркел, шефицата на Владата на Германија ја споредила НСА со озлогласената источногерманска комунистичка служба Штази.

Весникот, повикувајќи се на извори во Берлин и во Вашингтон, наведува дека ваквата квалификација била изнесена во драматичните разговори меѓу Меркел и Обама, по откритието на поранешниот соработникр на НСА Едвард Сноуден дека оваа агенција го прислушувала и личниот мобилен телефон на германската канцеларка.

„Ова е како Штази. На НСА не може да и се верува со приватни информации, бидејќи видовме дека Сноуден им ги објави сите“ – наводно рекла Меркел во разговорите со Обама.

Германската канцеларка пораснала во источна Германија и добро и се познати методите на комунистичката тајна служба, која владеела како во полициска држава, апсејќи и ликвидирајќи граѓани од политички причини. По обединувањето на Германија судски беа гонети голем број агенти на Штази и беа отворени досиејата на оваа тајна служба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top