Наумче Мојсовски ќе паузира цели 6 месеци по тешката повреда на коленото, а операцијата ќе биде во Виена. Бекот на македонската репрезентација го скина предниот вкрстен лигамент на коленото во еден дуел со Абутовиќ на вчерашниот меч од СЕХА лигата меѓу Вардар и Металург. За жал се потврдија стравувањата дека се работи за тешка повреда, што ќе го одвои Мојсовски од терените за следните 6 месеци. Тоа значи дека Наумче нема да игра ниту на ЕП во Данска во јануари.
– За жал стравувањата се обистинија. Мојсовски ќе биде надвор од терените во следните шест месеци. Оваа повреда дојде во најлош момент, пред стартот на EП во Данска. Ова секако го погоди и Металург, кој го очекува продолжнието од Лигата на шампионите. Познато е дека токму Мојсовски е еден од главните мотиватори и во репрезентацијата. Во РФМ веднаш се екипиравме, остварен е контакт со Виена, каде тој ќе биде опериран, а ќе замине за два до три дена. Во Виена беа оперирани и Ванчо Димовски и Филип Миркуловски. Штета што Наумче се повреди, тој многу значи за репрезентацијата на Македонија. Се надеваме дека брзо ќе закрепне- вели, доктор Никола Панчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


