| четврток, 6 декември 2018 |

Стојанче Стоилов на раце го изнесе повредениот Мојсовски (видео)

Vardar - Metalurg seha 2013_011

Наумче Мојсовски заработи повреда на синоќешната средба меѓу тимот на Вардар и Металург одигран во рамките на СЕХА-лигата. Тој ги скинал предните вкрстени лигаменти на десната нога, како и колатералниот страничен менискус, по што тој нема да биде дел од македонската репрезентација на Европското првенство што во јануари ќе се одржи во Данска. Неговиот репрезентативен соиграч и играч на противничкиот тим Вардар, Стојанче Стоилов, на раце го изнесе од теренот. Додека Мојсовски се виткаше од болка и со грч на лицето го напушташе теренот, а Стојанче Стоилов во раце го пренесуваше повредениот играч од најголемиот државен и градски ривал, дел од публиката го исвиркуваше Мојсовски, кој петнаесет години ги брани боите на македонската репрезентација.


Видео: РК Металург

-Мојсовски ќе биде надвор од терените во следните шест месеци. Оваа повреда дојде во најлош момент, токму кога ние во РФМ и самиот Мојсоски силите ги насочивме кон претстојното EП во Данска, а в сабота требаше да почнат и репрезентативните подготвки. Ова секако го погоди и Металург, кој го очекува продолжнието од Лигата на шампионите. Познато е дека токму Мојсовски е еден од главните мотиватори и во репрезентацијата. Во РФМ веднаш се екипиравме, остварен е контакт со Виена, каде тој ќе биде опериран, а ќе замине за 2 до 3 дена. Како што е познато, во Виена беа оперирани и Ванчо Димовски и Филип Миркуловски. Во секој случај во РФМ многу сме потиштени од овој непријатен случај, кој навистина најмалку ни беше потребен сега и тоа во натпревар, кој можеше да биде одигран и по ЕП во Данска. Штета, многу сме разочарани и јас и селекторот Ивица Обрван – вели докторот на македонската репрезентација, д-р Никола Панчевски, за веб-сајтот на РК Металург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top