Тимот на Манчестер Сити се пласираше во полуфиналето од Лига-купот откако рутински со 3-1 ја победи екипата на Лестер на гостински терен. Головите за „граѓаните“ ги постигнаа Коларов со фантастичен удар од 30 метри и Един Џеко.
Резултатот беше отворен со извонреден слободен удар на Коларов од 30 метри додека Џеко ја зголеми предноста уште во првото полувреме. Во вториот дел повторно Џеко беше стрелец, а единствениот гол за домаќините го постигна Дајер во 77 минута.
Челси кој важеше за фаворит во натпреварот со Сандерленд не успеа да се пласира полуфиналето. Тие денес загубија по продолженија од два пати по 15 минути. Челси поведе со автоголот на Катермол. Во изедначена борба на теренот во текот на 90 минути Сандерленд успеа во самиот финиш да го израмни резултатот преку Борини и да се избори за продолженија. По стекнатата самодоверба Сандерленд создаде неколку стопроценти шанси кои не успеаа да ги реализираат, но во 118 минута со голот на кореецот Ки успеаа да се пласираат во полуфиналето. На „Стадиот на светлината“ вистинска еуфорија и на клупата на Сандерленд и на трибините. Челси во последните моменти од мечот не успеа да се избори за пенали.
All Goals – Sunderland 2-1 Chelsea – 17-12-2013… by all-goals-Highlights
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



