| четврток, 6 декември 2018 |

Наумче Мојсовски не оди на ЕП во Данска

Тешка повреда на еден од најдобрите македонски играчи

Наумче Мојсовски најверојатно ги скинал предните вкрстени лигаменти на десната нога по што тој нема да биде дел од македонската репрезентација на Европското првенство што во јануари ќе се одржи во Данска.

Во педесеттата минута од мечот од СЕХА лигата Мојсовски по еден навидум не многу опасен судир со бекот на Вардар Абутовиќ, падна на теренот по што од таму беше изнесен на рацете на  репрезентативниот колега Стоилов од РК Вардар.

Vardar - Metalurg seha 2013_011

По извршените прегледи во таборот на Металург и во националниот тим стигна лошата вест дека еден од најдобрите нема да биде на теренот на тешките средби во Данска.

Во наредниве денови Мојсовски ќе замине на операција, а опоравувањето се очекува да трае најмалку шест месеци со што покрај репрезентацијата во Данска и Металург ќе мора да игра без стружанецот во продолжението од Лигата на шампионите напролет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top