| четврток, 6 декември 2018 |

ДПА го критикува ДУИ – ВМРО ДПМНЕ отвори економски зони, вие немате отворено ниту една фабрика (видео)

gazmend

Газмент Алију, пратеник на ДПА во македонското собрание, остро ја критикуваше ДУИ, префрлајќи дека партијата на Али Ахмети нема донесено ниту една странска инвестиција.

Во Собранието е во тек расправата за буџетот за следната година. Зоран Ставревски, министерот за финансии и вицепремиер говореше за важноста на странските инвестиции.

– Ставрески рече дека 20 отсто  од извозот се обезбедува во слободните економски зони. Вие што направивте? Тетовската развојна зона ја претворивте во јавно-приватно партнерство. До ден денес, немате ниту една инвестиција во таа зона. Немојте да заборавите, од 2007-ма година: Бунарџик, Штип, Битола, Гевгелија, Струмица и многу други градови се отворија се завршија и тоа со парите на Албанците. Но во една зона, вие тоа го запоставивте –  обвини Алиу.

Алију ги обвини пратениците од ДУИ дека не работат на привлекување на странски инвестиции, а за споредба посочи дека ВМРО-ДПМНЕ дека е посветена токму на тоа прашање.
<

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top