| четврток, 6 декември 2018 |

Металург води на полувреме (10-8)

stanic

Во рамките од СЕХА лигата најдобрите два македонски ракометни клубови Вардар и Металург уште еднаш во оваа календарска година треба да одиграат меѓусебно. Овој пат се натпреваруваат за пласман меѓу првите четири тима од СЕХА лигата. Бодовите повеќе му се потребни на Металург кој во вториот дел од ова натпреварување на пролет имаат потежок распоред кога треба да играат и во Лигата на шампионите за да изборат пласман во осминафилето.
По првиот дел мала но заслужена предност на Металург од два гола (10-8). Се игра одлично во одбраната и двете екипи не дзоволуваат лесна реализација. Металург го презема водството во вториот дел од првото полувреме благодарејќи на солидниот голман Дарко Станиќ кој нанижа седум одбрани од кои два седмерци.
На другата страна македонскиот репрезентативец Петар Ангелов одбрани три топки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top