| четврток, 6 декември 2018 |

Му го исполните сонот на болно дете, потпишал и заиграл за Ајакс (видео)

ajax

Ајакс има фондација која им помага на болните деца да си ги исполнат своите соништа поврзани со клубот. Фантастичен гест на направиле пред неколку дена кога на младиот осумгодишен Џеј Џеј Вилемс ми го исполниле сонот да заигра за клубот. Младото момче е голем навивач на клубот. Тие го повикале на стадионот и по разгледувањето на теренот тој започнал тренинг со првата екипа. Возбудувањата на Џеј Џеј туку што почнуваат. По тренингот тој заедно со тренерот Франк де Бур бил присутен на прес конференцијата во пресрет на првенствениот натпревар во рамките од холандската лига против Бреда.

– Сакам да ви го преставам Џеј Џеј Вилемс како нов играч кој игра на левокрилната позиција. Ќе го носи дресот со број девет. Се работи за одличен фудбалер кој ни падна во око, па затоа потпишавме договор со него – изјави Де Бур.

Пред Натпреварот Џеј Џеј бил преставен пред преполните трибини и се загревал со играчите. По ова тој го извел и првиот удар на натпреварот.
Браво за АЈакс и гестот што го направи за ова хронично болно младо момче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top