| четврток, 6 декември 2018 |

Ако сакате успех во женскиот ракомет, ангажирајте си тренер од Данска

Данската школа на ракометот постојано нуди новитети и во женскиот и во машкиот ракомнет, а двете селекции од оваа земја постојано се при врвот на светскиот ракомет. И во Србија на Светското првенство за жени, Данска игра одлично, иако со подмладен состав, а во осминафиналето ја елиминираа Црна Гора, која важеше за еден од топ-фаворитите за златен медал. Викинзите доминираат и на друго поле, во тренерската струка, со дури 4 селектори на различни репрезентации кои се пласираа во четврт-финалето на СП. Од можни осум селекции, половина имаат Данец за селектор. Мортен Субак одлично ги предводи Бразилките, Хајне Јенсен ја предводи Германија, Ким Расмунсен ја препороди Полска, а Јан Питлик е кормилар на Данска.

Одличен ефект и потврда за неверојатно добрата работи и шмек на данската школа на ракометот. Во четврт-финалето, меѓусебен судир ќе имаат Питлик со Данска и Јенсен со германската репрезентација.

Останатите три четвртфинални двојки се: Полска – Франција, Бразил – Унгарија и Србија со Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top