| четврток, 6 декември 2018 |

Трилер победа на Србија против Јужна Кореја

Репрезентацијата на Србија забележа победа во последен момент проти Јужна Кореја и обезбеди пласман во четврт-финалето на Светското првенство во ракомет за жени. Јелена Ериќ погоди во последната секунда за избегнување продолженија против незгодната селекција од Азија. Србинките во четврт-финалето ќе играат со актуелниот светски првак Норвешка, селекција која без проблеми ја совлада Чешка со 10 гола разлика, 31-21.

Во последното четврт-финале ќе играат Бразил и Унгарија. Бразилките ја елиминираа Холандија со 29-23, а Унгарките ја изненадија Шпанија и славеа со убедливи 28-21. Претходно беа познати две четвртфинални двојки, а ќе се судрат Германија и Данска и Франција и Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top