| четврток, 6 декември 2018 |

Рома си замина со бод од „Сан Сиро“ (видео)

Во последниот натпревар од 16. коло во Серија А, Рома си замина со бод од гостувањето на „Сан Сиро“ каде одиграа 2-2 со тимот на Милан. „Волчицата“ и понатаму останува единствен непоразен тим во Калчото, но сега на второто место заостанува пет бода зад лидерот Јувентус, кој е на на врвот на табелата.

Рома двапати имаше водство на овој натпревар. Резултатот го отвори Дестро во 13.минута, но „росонерите“ израмнија преку Запата во 29.минута. Во вториот дел, кевин Стротман успешно реализираше пенал за Рома, но Сали Мунтари постигна одличен погодок и во 77.минута го постави конечниот резултат, 2-2. Така, Милан остана непоразен на својот 114.роденден.

Милан по ова коло се наоѓа на десеттата позиција на табелата со 19 освоени бодови.


All Goals ~ AC Milan 2-2 AS Roma ~ 16.12.2013 by mojogoals

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top