Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Ивица Обврван, го објави скратениот список од 21 ракометар што ќе ги почнат подготовките за престојното ЕП во Данска.
На списокот ги нема стандардните репрезентативци Бранислав Ангеловски и Влатко Темелков, со кои Македонија го направи најголемиот успех пласирајќи се на петтото место на Европското првенство што се одржа во Србија.
Првиот собир на ракометарите е закажан за 21.12.2013 во 14 часот во хотелот „Континентал“. Едниствен што ќе отсуствува од првата прозивка е голманот Борко Ристовски, кој до 26 декември има клупски обврски.
Список на повикани ракометари:
1. Петре Ангелов – РК ВАРДАР
2. Борко Ристовски – РК ГУМЕРСБАХ
3. Никола Митревски – РК МЕТАЛУРГ
4. Дејан Манасков – РК МЕТАЛУГ
5. Гоце Ојлески – РК МЕТАЛУРГ
6. Гоце Георгиески – РК МЕТАЛУРГ
7. Златко Мојсовски – РК МЕТАЛУРГ
8. Стојанче Стоилов – РК ВАРДАР
9. Никола Маркоски – РК МЕТАЛУРГ
10. Ванчо Димовски – РК МЕТАЛУРГ
11. Наумче Мојсовски – РК МЕТАЛУРГ
12. Филип Лазаров – РК ВАРДАР
13. Дејан Пецаковски – РК МЕТАЛУРГ
14. Аце Јоновски – РК МЕТАЛУРГ
15. Велко Маркоски – РК МЕТАЛУРГ
16. Филип Миркуловски – РК МЕТАЛУРГ
17. Никола Стојчевски – РК РЕДБЕРГСЛИД
18. Немања Прибак – РК ВАРДАР
19. Кире Лазаров – РК БАРСЕЛОНА
20. Влатко Митков – РК КРЕМС
21. Ренато Вугринец – РК МЕТАЛУРГ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



