| четврток, 6 декември 2018 |

Александра Митковска в среда ја претставува колекцијата „Премиера“

митковска2

Во изложбаниот салон и бутик „Вибрации“ на Александра Митковска („VIBRAZIONI by Aleksandra Mitkovska“) в среда, на 18 декември, ќе биде презентирана најновата колекција на дизајнерката, по теркот на светските дизајнери.

митковска1
Митковска на последното издание на „Моден викенд“ претстави само мал дел од колекцијата есен/зима за идната година, која е насловена како „Премиера“. Од 17 до 22 часот на сите љубители на софистицирани модни парчиња ќе им овозможи да го видат остатокот од истата колекција.

митковска
Ќе бидат изложени капути, палта, здолништа, панталони, фустани и други зимски парчиња во препознатливиот екстравагантен стил на Митковска.
Колекцијата има комерцијален дел и има вкупно 3. 000 парчиња за домашниот и за странските пазари и е првата колекција на Митковска со сериско производство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top