Во денешната ждрепка за осминафиналето од Лигата на шампионите тимовите беа поделени во два барабани, при што победниците од групите ги добија свооите противници. Ждрепката беше диригирана, односно овие екипи не можеа да добијат противник од својата група и од својата држава.
Во осминафиналето Шпанија ќе има три претставника, а Англија и Германија по четири.
Во следната фаза европскиот шампион Баерн Минхен ја доби екипата на Арсенал, која е лидер во англиското првенство и е реприза од минатогодишниот дуел.
Се чини дека дербито е меѓу екипите на Манчестер сити и Барселона. Тимот на Манчестер ќе се спротивстави на Меси, Нејмар и останатите ѕвезди од Барселона.
Дрогба со својот Галатасарај се враќа во Лондон, каде што ќе игра против „својот“ Челси со кого ја освои Лигата на шампионите.
Парови за осминафиналните натпревари:
Манчестер Сити – Барселона
Олимпијакос – Манчестер јунајтед
Милан – Атлетико Мадрид
Баер Леверкузен – Пари Сен Жермен
Галатасарај – Челси
Шалке – Реал Мадрид
Зенит – Борусија Дортмунд
Арсенал – Баерн Минхен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)



