Непознати сторители синоќа ја ограбиле продавницата на „Т-мобиле“ што се наоѓа во средишниот дел на чаршијата во Охрид.
Според првичните информации, продавницата била обиена, а плен на крадците биле мобилни телефони.
Кражбата била пријавена утрово во полицијата и извршен е увид на местото на настанот. Во тек се активности за пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


