Маскирано вооружено лице вчера го ограбило казиното „Астра клуб“ во Скопје, при што од сефот одзел околу 630.000 денари и од пултот засега неутврдена сума на пари.
Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 5:50 часот во казиното „Астра клуб“ на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, маскирано лице вооружено со огнено оружје извршило разбојништво, при што од сефот одзел околу 630.000 денари и од пултот засега неутврдена сума на пари.
Сторителот, како што информираат од полицијата, влегол во казиното и физички го нападнал вработениот во обезбедувањето, удирајќи го со пиштолот, кој паднал на подот. Потоа го вперил пиштолот кон двете вработени и ги натерал да го отворат сефот, од каде ги одзел парите, а потоа ги зел и парите од пултот, по што го напуштил местото на настанот.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот, како и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.