Три лица утринава со закана со пиштол извршиле разбојништво врз вработен на бензинска пумпа во селото Дељадровце при што му ја одзеле чантата со дневниот промет, поголема количина цигари и компјутер.
Кражбата била пријавена утринава во 4.40 часот во полициското одделение Петровец од страна на дежурното лице од СВР Куманово.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.