| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно ограбена ТТК банка во Струга

СВР Охрид и полициската станица од Струга преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело „разбојништво“ извршено вчера во експозитурата на „ТТК банка“ на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга.

-Засега непознатиот сторител, вчера околу 08 часот, со спортска капа на глава и пиштол во рака, влегол во банката преку влезната врата, се приближил до шалтерот и пиштолот го вперил кон вработената службеничка. Притоа, со гласно викање, побарал во најлон кесата што ја имал да бидат ставени парите, што од страна на вработената било направено. Потоа, засега непознатиот сторител, го ставил пиштолот во појасот и излегол низ влезната врата. На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид под водство на Јавен обвинител и полициски екипи. Со извршувањето на казненото дело, направена е материјална штета од околу 60.000,оо денари. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

За кус период ова е трет грабеш на банка во Охридско – струшкиот регион. Два грабежи се случија во Струга, а еден во Охрид кога среде бел ден беше ограбена банка во центарот на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top