Американскиот плејмејкер Карл Џонс ќе биде новиот играч на МЗТ. По вчерашната победа над Црвена звезда, од раководството на клубот најавуваат дека Карл Џонс ги договорил личните услови со клубот и се очекува во наредните денови да им се приклучи на новите соиграчи и да му се стави на располагање на тренерот Зоран Мартич. Џонс е 22-годишен кошаркар и игра на позицијата бек. Тој имал тригодишна успешна кариера за колеџот „Сент Џозеф“, каде што бил најуспешен кошаркар. По ова тој се сели во полското првенство во екипата на Сласк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



