| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Попоски во официјална посета на Индија

Nikola-poposki-4

Никола Попоски

Никола Попоски, министерот за надворешни работи на Република Македонија, денеска и утре ќе оствари официјална посета на Индија.

Попоски ќе се сретне со високи претставници на индиската влада, со министерот за надворешни работи Салман Куршид, со државниот министер за надворешни работи Пренит Кор, како и со  министерот за трговија и индустрија Ананд Шарма. Тој ќе ги презентира економските капацитети и поволности за инвестиции и водење бизнис во Македонија пред една од двете најголеми стопански комори на Индија, соопшти Министерството за надворешни работи на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top