Актуелниот европски првак Црна Гора се прости од амбициите за одбрана на златото освоено во Србија пред две години, а мини-изненадување направија ракомеарките на Данска со победа од 22-21 во меч од осминафиналето на Еп, повторно во Србија. До крајот беше неизвесно, а Црногорките не успеаја во последниот напад да израмнат и да се изборат за продолженија.
Во останатите осминафинални дуели Германија беше поодбра од Ангола и победи со 29-21, Франција очекувано ја елиминира Јапонија со победа од 27-19, Полска ја изненади Романија и мина понатаму со триумф од 31-29, а во дербито Данска ја сопна Црна Гора.
Утре ќе се играат останатите осминафинални дуели, а веќе се познати и првите четвртфинални двојки. Данска ќе се соочи со нов предизвик во дуел против Германија, а Франција е фаворит за пласман во полуфиналето, но ќе треба да ја победи Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.