| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчани се подготвуваат за Св. Никола – се прават 60.000 сарми

Во Прилеп почнаа подготовките за празнувањето на светецот заштитиник на градот – Свети Никола, а 60 прилепчанки, членки на здружението „Преродба“, денеска и утре ги приготвуваат 60-те илјади мали посни сарми што традиционално се служат за празникот.

За подготовка на сармите се употребени 1,2 тони зелка и 100 килограми ориз.
Годинашен домаќин на прославата на Свети Никола во Прилеп е фирмата „Микросам“.

– Секако е голема чест и одговорност да се среди се како што треба да биде, како што било и порано. Ова, во суштина е празнување и за градот и за нашата фирма, изјави Самоил Самакоски, директор на „Микросам“.

Локалните власти по седми пат ја поддржуваат прославата на заштитникот на морепловците, сиромашните и на децата.

– Многу сме горди на прославата на празникот Свети Никола. Со приготвувањето на 80.191 светиниколски сарми градот влезе во Гнисовата книга на рекорди.

Традиционално прославуваме, а очекуваме и да ни донесе среќа. Верувам дека 2014 година ќе биде економски бум за градот, изјави гадоначалникот Марјан Ристески.
За Свети Никола на градскиот плоштад ќе биде поставена посна трпеза со 60.000 сарми, 200 килограми грав, 350 килограми риба, 100 килограми маслинки, два тони вино и 100 литри ракија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top