Одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку блиску или далеку од решение е деценискиот македонско-грчки спор амриканскиот амбасадот Пол Волерс е убеден дека спорот ќе се реши.
–Убеден сум дека прашањето за името ќе биде решено, само прашање на време е кога тоа ќе се случи, и колку време ќе треба. Но, ние не се откажуваме. Ние секогаш работиме и ќе работиме и со Атина и со Скопје, и со Грција и со Република Македонија по прашањето за името. Јас сум секогаш оптимист, во спротивно не би бил дипломат. Нема да се откажеме. Знам дека одредени луѓе се скептици, но нема да се откажеме. А кога тоа ќе се случи, тоа ќе биде среќен ден за сите, вели американскиот амбасадор Пол Волерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.