Актуелниот европски првак и шампион на Германија, Баерн сигурно чекори кон нов трофеј во домашното првенство, а денеска ја забележа 14-та победа во Бундеслигата. Во рамките на 16-то коло, Баварците со 3-1 го надиграа Хамбургер и се зацврстија на врвот на табелата со 44 бода, 7 повеќе од Баер Леверкузен, состав што има одиграно меч помалку.
Со головите на тандемот Марио, Манџукиќ и Геце, Баерн поведе со 2-0, а гостите од Хамбург во финишот намалија со погодокот на Ласога. Џердан Шаќири со уште еден погодок ја разреши дилемата и му донесе нови бодови на Баерн.
Дербито меѓу Хофенхајм и Борусија Дортмунд заврши нерешено 2-2, а вицешампионот на Германија и на Европа, Борусија се спасуваше од пораз. Домаќините поведоа со 2-0, со головите на Шиплок и на Воланд во првото полувреме, во истиот период гол за „милионерите“ постигна Обемејанг, а израмни Пишчек во второто полувреме.
Уште поголем подвиг направи фудбалерите на Хановер кои стасаа негатива од 0-3 на домашен терен против Нирнберг и освоија еден бод, со реми, 3-3. Хлушек, Дрмиќ и Нилсон до 41 минута, му донесоа на гостин уверлива предност, а во вториот дел рафална палба испукаа домаќините. Битенкур и Диуф на двапати ја погодија мрежата на Шафер за голем бод за Хановер.
Аугсбург со 4-1 го декласираше последниот тим во Лигата, Ајнтрахт Брауншвајг, а Мајнц и Борусија Менхенгалдбах одиграа без голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија


