| четврток, 6 декември 2018 |

„Северина! Облечи се женска главо!“ (ФОТО)

Изгледот на хрватската ѕвезда на втората вечер од големата забава на „Порше – Хрватска“ во Загрепскиот велесаем го подели мислењето на нејзините обожаватели. Повеќе 620 илјади од нив ја поддржуваат и на нејзината официјална страница на „Фејсбук“ каде таа синоќа се пофали со новата креација на нејзиниот пријател и стилист Петар Трбовиќ .

„Блаканската Дита вон Тис“ и „секогаш оригинална“ се само дел од пофалните коментари. Сепак најинтересен беше коментарот „Облечи се женска главо“ кој ги собра најголемиот број на „лајкови“.

Пред два дена, на првата вечер од забавата, Северина настапи со раскопчано сако низ кое се гледаше нејзината црна долна облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top