Ракометната Федерација на Македонија го одбележа јубилејот, дваесет години од првиот настап на машката ракометна репрезентација на нашата земја. Пред 20 години, на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија ги одмери силите со селекцијата на Романија.
Тоа беше почетокот на убавите моменти за машката репрезентација на Македонија, која е редовен учесник на големите натпреварувања, особено во последните неколку години.
Најголемиот успех го постигнавме на последниот европски шампионат во Србија, лани, кога бевме петтопласирани.
Во Романија нашата селекција ја предводеа тренерите Славе Атанасовски и Ванчо Јовановски, а прв противник ни беше Белорусија.
Денеска на свечена церемонија актуелниот претседател на РФМ, Живко Мукаетов им додели плакети на дузина заслужни ракометари и спортски работници од овој спорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




