| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозив во автомобил на градоначалник пронајден пред владата на Албанија

Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC

Припадниците на полицискиот оддел за антитероризам при рутинска контрола откри експлозив во возило марка „Пежо“, сопственост на градоначалникот на Валона, Бесник Дервиши.

При влезот во дворот на владата гардистот со специјален апарат открил дека има експлозивна направа составена од 200 грама Ц4, со два детонатора и мобилен телефон, која веднаш била неутрализирана.

Во возилото имало две лица, но се уште нема информации дали возилото било украдено или во него бил сопственикот, кој можеби и бил потенцијална цел на напад.

Претходно по добиен анонимен повик за поставена бомба во албанската Влада полицијата ги евакуираше вработените и присутните во заградата на зградата.

Албанскиот премиерот Еди Рама денеска е во официјална посета на Италија, а во Владата пристигнале министрите за внатрешни работи и за одбрана, Саимир Тахири и Мими Кодели

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top